ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 02/28/22 8:51 AM

На оваа маса ќе се водат преговорите меѓу Путин и Зеленски – Ќе престане ли убивањето?

Во Белорусија се е подготвено за денешните преговори меѓу претставниците на Русија и Украина.

„Во Белорусија сè е подготвено да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина. Се чека пристигнувањето на делегациите“, објави Министерството во твитот со фотографија од просторијата и масата на која треба да се водат преговорите.
Прес-секретарот на Министерството за надворешни работи на Белорусија, Анатолиј Глаз, најави дека на местото на преговорите во Белорусија се очекува да пристигнат делегациите на Русија и Украина.


-Преговорите ќе започнат веднаш штом делегациите ќе пристигнат на местото на средбата, рече Глаз, пренесува РИА Новости.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека не е убеден дека ќе има напредок, но дека ќе се обиде.

„Искрено ќе кажам, како и секогаш, дека не верувам во исходот од оваа средба“, рече тој. шанса“.

Извор:kurir.rs

Фото: Твитер


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7