Забрана за камиони преку превојот Стража поради интензивни врнежи од снег
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 02/27/22 7:13 PM

Забрана за камиони преку превојот Стража поради интензивни врнежи од снег

Поради интензивни врнежи од снег попладнево е воведена забрана за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот превој Стража.

Забраната, како што соопшти Авто мото сојузот на Македонија, е воведена од 18:40 часот.

Се уште активна е и забраната за тешки товарни возила и на патниот правец Крива Паланка кон граничниот премин Деве Баир, како и на патниот правец крак Маврово-Дебар


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7