ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 02/27/22 3:52 PM

Путин нареди нуклеарните сили да се стават во борбена готовност

Рускиот претседател Владимир Путин денеска нареди руските нуклеарни сили да се подигнат на високо ниво на подготвеност, оправдувајќи го тоа „со агресивните изјави на НАТО” и економските санкции против Москва.
„Им наредувам на министерот за одбрана и на началникот на Генералштабот да ги стават силите за одвраќање на руската армија во борбена готовност”, рече Путин на средбата со воените лидери, која беше пренесувана и на телевизија.
„Разбирам”, одговори министерот за одбрана Сергеј Шојгу.
Путин одлуката ја оправда со „агресивните изјави на лидерите на НАТО кон Русија” и „незаконските економски санкции” што и беа наметнати по инвазијата на Украина.
„Силите за одвраќање на војниците се очекува да го обесхрабрат нападот врз Русија, вклучително и војна што би подразбирала употреба на нуклеарно оружје”, соопшти Министерството за одбрана.
Тие се опремени со проектили, стратешки бомбардери, подморници и бродови со нуклеарно оружје.
По инвазијата на Украина, Путин предупреди дека оние кои се обидуваат да ја спречат Русија „ќе се соочат со последици што никогаш не ги виделе во својата историја”. Многумина ова го протолкуваа како закана од нуклеарно оружје.

Како што пренесуваат агенциите, Русија ги има најголемите резерви на нуклеарно оружје во светот, но исто така знае дека НАТО има доволно да го уништи.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1