Османи со одврзани чевли, Селаковиќ со излижан ѓон - Едниот го чека богатство, а другиот среќа
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 02/25/22 3:35 PM

Османи со одврзани чевли, Селаковиќ со излижан ѓон – Едниот го чека богатство, а другиот среќа

Едниот со излижани ѓон на чевлите, а другиот се неврзани врвки на чевлите.

Таква беше утрово средбата меѓу македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој беше домаќин на српскиот министер за надворешни работи, Никола Селаковиќ, кој е во официјална посета на државава.

Министрите ниту се сиромашни, ниту без искуство за да не знаат и како да седат и како да изгледаат.

За што точно станува збор не знаеме, но претпоставуваме дека со оглед на тоа што средбата се случи рано, е само од брзање на министрите, особено на Османи, кој според тоа што беше активен на социјалните мрежи до после полноќ, па е ненаспан.

Под претпоставка дека министрите се суеверни и дека можеби ова има некакво знаечење ММС се обиде одговорот да го најде на интернет.

Тоа што Османи на официјална средба се појави со одврзани врвки пишува дека „ако врвките од чевлите и понатаму се одврзани, сфатете го тоа како предзнак дека ќе добиете некаква добра вест или богатство“.

За тоа што Селаковиќ, пак, беше со излижан ѓон суеверието вели дека „носењето стар пар чевли на таков ден  ќе спречи секаква лоша среќа што може да се појави“.

Во Македонија, пак, постои верување дека ваквите работи се прават против уроци, како што е  и носењето маици и гаќи наопаку или пак различни чорапи.

Најмногу вакви работи прават спортите. Лео Меси на терен излегувал со одврзани врвки за среќа.

ММС

Фото: МИА/ МНР

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7