ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 02/24/22 11:58 PM

Крај на големата љубов, а му беше ќерка, љубовница, жена и мајка – По 15 години брак се разведува познатиот актерски пар

Актерската двојка Светозар Цветковиќ (63) и неговата сопруга Јелена Ѓокиќ (44) решиле да стават крај на бракот по 15 години заеднички живот

Тие се уште официјално не поднеле барање за развод, но од летово не живеат под ист покрив, пишива српски Курир..

Нивниот брак често ја заинтригираше јавноста поради разликата во години, но се чинеше дека и тие се скандалозен пар, кој не дава детали за приватниот живот.
Тие често беа партнери на сцената, а Светозар вака ги опишуваше нивните заеднички ангажмани, а воедно и ситуацијата во нивниот брак:

– Факт е дека јас и Јелена на сцената поминавме нешто што е невозможно во животот. Таа ја играше мојата ќерка, потоа мојата љубовница, мојата сопруга, а во овој нов филм и мајка ми. Го пополнивме целиот круг и во бизнисот и во животот – изјави актерот за медиумите.
Тие двајца се венчаа во 2006 година, а Јелена му е втора сопруга и од бракот имаат две деца.

Јелена Ѓокиќ е родена во Сплит во 1977 година, но за време на војната со семејството се преселила прво во Србија, а потоа во Црна Гора, каде што се запишала на актерство во Цетиње. Како и неговиот сега поранешен сопруг и таа е постојан член на Ателје 212.

Фото: www.novosti.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1