Паника на светските берзи: Цените на златото, нафтата и доларот растат, а акции се распродаваат како на пазар
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 02/24/22 9:47 AM

Паника на светските берзи: Цените на златото, нафтата и доларот растат, а акции се распродаваат како на пазар

Најширокиот индекс на азиско-пацифичките акции МСЦИ, без јапонските, падна  за 3,2 отсто при што австралиските акции се во минус од три проценти, а акциите на најликвидните кинески компании се во загуба од 1,3 отсто, јави Ројтерс.

Падот на акциите од Азија ќе продолжи денес во Европа и САД, а цените на суровините имаат голем подем, што дополнително го зголемува ризикот од инфлација.

Нестабилноста на берзите ја предизвика руско-украинскиот конфликт.

Геополитичките тензии влијаеја и на приносите на американските обврзници. Приносите на референтните 10-годишни американски обврзници паднаа на 1,8681 отсто од вчерашното ниво од 1,977 отсто. Ќе паднат и приносите на двегодишните должнички хартии од вредност од 1,6 на 1,5 отсто.

Глобалниот пресврт на инвеститорите кон инвестиции во сигурни средства го поттикна скокот на доларот за повеќе од половина процент во однос на кошничката на ривалските валути, на 96,715 поени, додека еврото падна за 0,8 отсто на 1,1220 долари.

Другите распродажби се проширија на пазарите на криптовалути, со што биткоинот беше под 35.000 долари за прв пат по неколку месеци.

Од друга страна, денеска, за прв пат од 2014 година, нафтата го надмина нивото од 100 долари за барел, додека со европската нафта „брент“ утринава се тргуваше по цена од 101,93 долари.

За повеќе од 1,7 отсто скокна и вредноста на златото на спортскиот пазар, достигнувајќи го највисокото ниво од почетокот на јануари 2021 година.

 

Извор: B92.net

фото: americanbusinesshistory.org/

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7