ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 02/22/22 1:01 PM

По 13 години сиромаштија, Бритни Спирс пишува книга за 15 милиони долари

По 13 години борба со нејзиниот татко, кој го имаше старателството над неа, Бритни Спирс почна да пишува книга за нејзините мемоари и за нејзиниот однос со семејството.

Пејачката сега потпиша договор од 15 милиони долари со издавачката куќа “Simon&Schuster”.
Пред три месеци судот донесе одлука да и го прекине старателството, откако нејзиниот татко Џејмс Спирс се согласи да остане без тоа законско право, пренесува nova.rs.

Оттогаш, Бритни Спирс одлучи јавно да открие многу детали од врската со нејзиниот татко и остатокот од семејството, а јавно проговори и за тоа дека и е злоупотребено правото на старателство.
-Ова е порака до моето семејство, бидејќи ме повредија подлабоко отколку што некогаш ќе знаат! Знам дека старателството наскоро ќе заврши, но сепак сакам правда“, напиша таа на социјалните мрежи во октомври.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1