ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 02/21/22 1:41 PM

Ако опозицијата сака да разговара само за предвремени избори тогаш лидерска средба нема да има, рече Ковачевски

Предвремени избори нема да има, туку редовни во 2024 – ова денеска повторно го изјави премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање зошто досега немало лидерска средба.

Ковачевски рече дека тој се среќава со сите претседатели на партии во коалицијата која е на власт, но не планира да присуствува на средби на кои единствено ќе се разговара за предвремени парламентарни избори.

– Не сум човек кој подлегнува на притисоци, закани и уцени. Доколку единствена точка на која опозицијата смета дека треба да се разговара, тогаш таква средба нема ни да има. Во овој момент на РСМ и е потребно лидерство и одговорност за справување со големите предизвици кои ги имаме во оваа кризна година, а тоа е енергетската криза, здравствената која се уште е присутна и ценовната инфлација, рече Ковачевски.

Инаку лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и Беса, Мицковски и Касами, минатата недела по средбата во Тетово изјавија дека разговарале за предвремени избори, но детали не открија.

Мицкоски рече дека не очекува оти власта ќе си замине, но истакна дека тие како опозиција имаат свои алатки и методи институционално и вонинстуционално за да се борат за она што народот го очекувал од нив.

Мицкоски и Касами разговарале и за соработката на централно ниво, за изнаоѓање на решенија во делот на кризата во која се наоѓа државата, како и за економската и енергетска криза.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7