Игли, шприцеви, завои, гази од болниците ќе се обработуваат во новиот стерилизатор во Дрисла
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 02/21/22 1:03 PM

Игли, шприцеви, завои, гази од болниците ќе се обработуваат во новиот стерилизатор во Дрисла

Во Јавното претпријатие Дрисла – Скопје денеска е пуштен во употреба новиот Автоклав, односно стерилизатор за медицински отпад. Системот, како што појасни директорот на претпријатието Јане Мицевски, е опремен со шредер кој го дроби отпадот на мали тенки парчиња и го намалува за 80 посто волуменот на медицинскиот отпад. Машината, е дизајнирана за дробење и стерилизација на отпад, како што се игли, шприцеви, завои, гази, сечила, стакло, катетри и друг отпад од работењето на клиниките, болничките центри, болници, ветеринарни болници и лаборатории.
– Автоклавот за медицински е целосно автоматизиран со висока технологија и квалитет, од познатата италијанска марка ЦИСА, со што Дрисла станува современа депонија. Сувата вакуум пумпа, придонесува за заштеда на потрошувачка на вода за дури 98 проценти, а системот за заштеда на енергија обезбедува еколошка безбедност и не дозволува инфективниот воздух да ја загадува околината, рече Мицевски кј додаде дека, старата печка, пак, рече дека е планирано да се реновира оваа година и да служи како резервна варијанта.
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, истакна дека овој тип на обработка на медицинскиот отпад е по најсовремените стандарди со кои се штитат животната средина и здравјето на граѓаните.
– Повеќе нема да има несоодветно, односно несовесно согорување на медицински отпад којшто досега беше третиран практично како обичен отпад. Ќе се потрудиме целосно да ги модернизираме сите процеси во рамки на Дрисла. Со оваа инвестиција, исполнети се сите стандарди кои се неопходни за третирање на медицински отпад и Дрисла се трансформира официјално во една модерна депонија која целиот свој капацитет и потенцијал ќе го стави исклучиво во служба на граѓаните, нагласи градоначалничката Арсовска.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7