ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 02/17/22 11:18 PM

Не ја игнорирајте етикетата – Колку често треба да се перат џемпери и на кој начин?

Што се однесува до облеката за постудено време, ќе се согласиме дека не е потребно да ја ставате на перење после секое носење. Така е и со џемперите. Но, за нашите џемпери да не избледат, да не се шират или да ја сменат формата, експертите објаснија колку често треба да се перат и кои совети мора да ги следиме при перењето.

Во просек, според експертите, џемпер може да се носи 2 до 5 пати пред перење, но зависи и од материјалот на џемперот и од начинот на кој се носи. На пример, ако носите маица под џемпер, нема потреба да ги перете почесто.

Исто така, кога се во прашање џемперите од памук, кашмир и свила, пожелно е да се перат по две до три употреби. Кога станува збор за материјали како волна или синтетика – џемперите од овие материјали можете да ги носите и до пет пати, бидејќи тие се поиздржливи материјали.

Правилен начин за перење џемпери

Не ја игнорирајте етикетата – без разлика од каков материјал се направени и дали веќе сте запознаени со нивното перење. При перење џемпери обично се препорачуваат пониски температури, бидејќи високите температури предизвикуваат собирање на џемперот.

Ако имате време, џемперите измијте ги рачно користејќи благ детергент. По миењето, се препорачува џемперот да се исуши во хоризонтална положба.

Избегнувајте да користите машини за сушење и оставете ги џемперите да се исушат на врвката за алишта.

Многу е важно да ги следите советите за вашите џемпери да траат со години!

Извор: Магазин.новости.рс

Фото: pixabay


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1