ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 02/16/22 8:31 PM

„Ме фати за глава и ме фрли по скалите“, вели новинарот Адеми, кого со камерманот ги бркал насилник со секира

Снимајќи прилог за основното училиште „Наим Фрашери“ во гостиварското село Ѓурѓевиште, новинар и снимател денеска беа физички нападнати од лице, кое не било вработено во школото.

Новинарот Невриј Адеми вработен во регионалната телевизија ТВ Полог, раскажа дека отишле во училиштето со неговиот снимател Збулим Максути да снимаат какви инвестиции се направени во школото, каде и претходно исто така снимале ваков сличен прилог.

-Додека снимавме дојде еден непознат човек и ме праша кој ме испратил. Му кажав дека никој не ме испратил, дојден сум тука да направам прилог за инвестиции, а тој излезе од автомобилот најпрвин почна со вербални напади, а потоа ме фати мене зо глава, ме удри и буквално ме фрли по скалите. Неговото насилство не застана тука. Отидеа да ја земе секирата и директно со неа се упати кон нас. Ние многу се уплашивме, се обидовме да го смириме. Му реков дека немам никаква лоша намера, ама бадијала. Не ни остана ништо друго, освен да бегаме со мојот колега. Влеговме во службениот автомобил и тргнавме. Но, тој не се откажа, сето време не следеше со неговиот автомобил до селото Неготино,  гостиварско, вели новинарот.

Новинарот Адеми вели дека нема тука да застане, правдата ќе биде задоволена, а случајот е веќе пријавен.

-На секој колега може ова да му се случи, добро е што не сум повреден, но можеше да се случи најлошото. Фала богу извлековме жива глава со колегата, ова до сега ми се нема случено, ваков напад. Ќе ја тераме работата од крај, вели колегата Адеми.

Вечерва од СВР Тетово соопштија дека лицето кое денеска нападна новинар е веќе приведено.

-Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, денеска околу 17 часот и 30 минути, во село Топлица, гостиварско, го лишиле од слобода 59-годишниот Б.Е.од гостиварското село Ѓурѓевиште, по добиена пријава  дека пред тоа во Ѓурѓевиште го нападнал 23-годишниот Н.А.(новинар) од гостиварско Калиште и во раката имал секира со која му се заканувал.Приведеното лице во консултација и координација со Јавен обвинител, задржано е во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок, соопштија од СВР Тетово.

Случајот е пријавен и во ЗНМ.

-Бараме од Министерството за внатрешни работи да спроведе брза и ефикасна истрага во интерес на пронаоѓање и санкционирање на напаѓачот. Потенцираме дека заканите по живот се кривични дела предвидени во Кривичниот законик а МВР и ОЈО, треба итно да ги истражат и процесираат со цел да ги казнат оние кои го прекршуваат законот но и да превенираат евентуални вакви кривични дела во иднина, велат од ЗНМ во писмената реакција.

Зоран Димовски

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1