ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 02/16/22 12:28 PM

До 20.000 евра за изградба на куќа или за купување на стан за младите во Србија

Министерот за финансии на Република Србија Синиша Мали денеска соопшти дека државата подготвува уредба со која ќе се овозможи субвенционирање до 20.000 евра за изградба на куќа или купување на стан, како мерка за поттикнување на наталитетот.
Како што објави тој на својот Инстаграм профил, денеска заедно со Министерството за семејна грижа и демографија и Министерството за труд, вработување, бранители и социјала ги договориле последните детали од уредбата со која ќе се регулира право на државни средства при купување стан или изградба на куќа, врз основа на раѓање на дете.

„Она што е веќе пропишано со Законот за финансиска поддршка на семејства со деца е дека ова право може да го оствари секоја мајка за дете родено од 1 јануари 2022 година и подоцна, под услов за прв пат да се стекне со недвижен имот во Србија. Барањето може да се поднесе во рок од една година од денот на раѓањето на детето“, изјави Мали.
Се очекува, како што вели, Уредбата да биде претставена на седница на Владата на Србија во наредните 10 дена, а потоа да се знаат сите детали.

извор: rs-lat.sputniknews.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7