ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 02/17/22 1:07 PM

Хорор во приватните автобуси – Крнтии превезуваат граѓани низ скопските улици

Приватните градски автобуси се хорор, да ти е срам да влезеш во нив, бидејќи имаш впечаток како да си се вратил 50 години наназад, велат скопјани, кои секојдневно ги користат услугите на овој превоз.

За потврда на ова наши читатели ни испратија неколку фотографии направени во линијата 23, која сообраќа од Дом на печат, до населбата Ченто и обратно.

-Оваа линија секогаш е полна, многу луѓе се возат во автобусот, речиси секогаш е гужва. Ама автобусите и на оваа и на други линии се хорор. Испокинати седишта, лепени најлони на прозорците, некои врати се со промаја. Катастрофа. Толку недостоинствено. Ај порано беа поефтини па да им прогледаш низ прсти ама сега земаат исто како и државните, а не вложуваат ни денарче за да луѓето се возат како што личи во 21 век, вели наш читател.

Катастрофалната состојба на приватните автобуси не е новина, бидејќи тие навистина се грда слика низ скопските улици, со странски рекламни натписи, излупена боја на каросеријата и еден куп други маани.

-Не знам дали е до газдите или до возачот ама во многу од приватните автобуси зиме не работи парното, а летно време климата.  Има ама или не го вклучуваат за да штедат или воопшто не им работи.  Навистина се многу грда слика. Го донесоа целиот отпад од Германија. Има некои што се колку толку пристојни, ама повеќето се ужас. Сум се возел во автобус со под од кој се гледа асвалтот, а тој вози. Трагикомедија е, како во филмот „вози Мишко“, така се смееме меѓу нас додека се возиме,  велат луѓе  кои секојдневно се приморани да се возат во вакви крнтии.

(В.М.)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1