ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 02/15/22 3:04 PM

Се отвораат уште три пункта за тестирања во поликлиниките Ѓорче Петров, Битпазар и Идадија, изјави Петличковски

Се забалежува подобрување на епидемиолошката состојба, но тоа не значи и дека е добра. „Препораката е граѓаните да примат трета доза вакцина, зашто тоа е најдобриот начин за заштита од тешки симптоми, хоспитализација и смрт, рече денеска претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски, по редовната седница, соопштувајќи дека се отвораат дополнителни три пунктови за тестирање во Скопје – во Ѓорче Петров, Идадија и Битпазар.

Тој истакна дека има зголемување на нови случаи меѓу децата од шест до 14 години, главно меѓу оние кои ја следат наставата со физичко присуство, но нема простор за загриженост.
– Апелираме буквално да се следат протоколите за настава со физичко присуство, а учениците и родителите да го прифаќаат тестирањето, подвлече Петличковски.
На овие пунктови тестирањата ќе може да се закажуваат од матичен лекар.
Во однос на срмтноста, Петличковски информира дека најголем дел од починатите се невакцинирани, нецелосно вакцинирани или вакцинирани со две дози пред повеќе од шест месеци.
-Граѓаните да примат трета доза, зашто такви нема меѓу починатите, а хоспитализирани се многу малку. Третата доза штити највеќе од хоспитализација и смрт. Гледаме деновиве шарлатански, нестручни дебати, но ова се податоците кои се проверливи и најсилни – вакцинацијата со трета доза е најдобра заштита, потенцира претседателот на Комисијата.
Според Петличковски, првите резултати од серолошкиот скрининг во Скопје се очекуваат во почетокот на идната недела.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7