ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 02/15/22 1:39 PM

Шарени фустани, високи потпетици и шминка – Кој е новиот советник за енергетика на Џо Бајден?

Американскиот претседател Џо Бајдер го ангажираше Сем Бринтон за шеф на одделението за енергетика и одложување на гориво и отпад во Канцеларијата за нуклеарна енергија на американското Министерство за енергетика (ДОЕ).

Оваа објава го донесе Сем Бринтон на насловните страници, а луѓето масовно пребаруваат за него на интернет затоа што се работи за личност која е доста влијателна на социјалните мрежи од неколку причини.

Бринтон е гуру за глобална стратегија за нуклеарен отпад и заговорник на ЛГБТ-заедницата која се бори за своите права. Отворено се изјаснува како геј и тоа не го крие. Сем е магистер на МИТ по инженерски системи и нуклеарна наука и инженеринг, а основач е на консултантска куќа која дава експертиза за различни теми од управување со нуклеарен отпад до иновации на нуклеарните реактори.

Во неговата биографија стои дека бил советник на Барак Обама за ЛГБТ прашања.

„Им покажува на момците и девојките, каде и да тргнат, дека можат да бидат она што се и им дава храброст“, пишува во биографијата.

„Еднаш, додека шеташе во светот на Дизни во потпетици со својот дечко, младо геј момче го виде Сем со својот дечко и почна да плаче. И рече на својата мајка ‚тоа е вистина мамо. Ние можеме да бидеме принцези овде‘“, се вели во неговото био.

Сем секогаш бил гласен за својот идентитет и никогаш тоа не се обидел да го сокрие од семејството, медиумите или било кој. Бринтон во своето био се нарекува левичарски активист и заговорник на сексуални фетиши.

Критичарите сметаат дека неговиот имиџ е премногу контроверзен за службеник на јавната управа. Тој објавува фотографии во шарени фустани, високи потпетици шминка и облека од латекс.

Локалните медиуми пишуваат дека Бринтон бил заговорник на фетиш кој вклучува претворање дека сте куче. Тој на социјалните мрежи објави слика на која стои над мажи кои клечат во кожни маски.

извор: Mondo.rs

фото: wydarzenia.interia.pl/

 

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7