ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 02/15/22 9:49 AM

Нема да ме присилат на вакцина, ќе ги жртвувам сите идни трофеи – Најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ тврди дека не е антиваксер

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ конечно проговори на тема вакцинација и хаосот што се случи со неговата депортација од Австралија.

Тој не се огласуваше додека се играше Австралија Опен, а сега во интервју за британскиот сервис Би-Би-Си порача дека повеќе „би ги жртвувал идните тениски трофеи отколку да биде приморан да се вакцинира против коронавирусот“.

Тоа не е добра вест затоа што доказот за вакцинација е задфолжителен за сите гренд слем турнири. На тоа е свесен и Новак кој засега не може да игра ниту на Ролан Гарос, Вимблдон и САД Опен.

– Ги разбирам последиците на мојата одлука. И бев подготвен да не одам во Австралиј. На најголемиот дел од турнирите не можам да одам и тоа е цената која сум подготвен да ја платам – порача тој.

На прашањето дали е тоа цената која е подготвен да ја плати за да не биде најдобар на сите времиње, Ноле кратко одговори со: „Не“.

Ѓоковиќ се надева дека протоколите за играње ќе се сменат за некои турнири и ќе може да игра уште многу години. Запрашан зошто не сака да се вакцинира, порача затоа што неговото тело му е поважно од се, но таа одлука се уште не е донесена.

– и понатаму рамислувам за вакцинацијата затоа што сите сакаме да најдеме решение за ковидот. Никогаш не сум бил против вакцинацијата, се надевам дека ќе го победиме вирусот – рече Ноле и порача дека бил вакциниран како дете, но дека е за слобода на избор.

Тој се осврна и на тоа што се случи пред Австралија Опен кога доби дозвола да влезе, но потоа беше депортиран.

– Никој не е среќен кога ќе добие ковид. Милион луѓе имаат проблеми поради тоа. Јас го сфатив тоа сериозно, не сакам кога некој веи дека сум го искористил тоа во своја корист за да бидам позитивен на ПЦР-тестот и да одам во Мелбурн“, рече тој.

извор: Mondo.rs

 

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1