Пензиите се очајни во државава - Околу 90 илјади пензионери се мачат да преживеат со 200 евра
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 02/14/22 11:51 AM

Пензиите се очајни во државава – Околу 90 илјади пензионери се мачат да преживеат со 200 евра

Тешко се живее во Македонија ако си пензионер. Најголем дел од пензионерите живеат со околу 200 евра пензија, пари со кои ниту оддалеку не може да се помине месецот и да се обезбеди пристојна живејачка, да се платата сметки, да се набави храна, лекови…

Според официјалните податоци од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, ФПИОМ, од декември 2021, просечната старосна пензија во државата изнесува 17.140 денари.

Од вкупниот број на пензионери во земјата, 327.535, корисници на старосна пензија за 222.123. Од нив, до 11.000 денари пензија имаат 49.115 лица, а 40 илјади имаат пензија меѓу 11 и 14 илјади денари, или нешто помалку од половината пензионери живеат со 200 до 250 евра месечно. Потоа, според податоците, 51.626 пензионери имаат меѓу 14 и 18 илјади, а 81.372 лица примаат над 18 илјади денари. Според овие бројки, само мал број или помалку од третина од пензионерите со старосна пензија можат да проживеат од први до први малку поудобно во споредба со другите.

Во исто време, земјоделските пензии се најмали, а воените најголеми. Или, просечната земјоделска пензија изнесува 8.264 денари и неа ја користат 74 лица, а просечната воена 23.108 денари, 961.

извор: Фонд ПИОМ

Опозициската ВМРО ДПМНЕ во петокот најави дека ќе поднесе Предлог закон за зголемување на пензиите, со кој од април годинава се предлага за 20 отсто зголемување на пензиите и побараа поддршка од друте партии.

Последен пат пензиите се покачија во јануари годинава, за 2,9 отсто. Според Владата, толку е законското усогласување кое се врши два пати годишно, во јануари и јули. Тоа е според процентот на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие, во однос на полугодието кое му претходи, а кои се објавени од Државниот завод за статистика.

Со други зборови, пензионер со 11 илјади пензија, доби плус околу 320 денари.

„Пензиите се очајни во државата. Јас не познавам некој со пензија над 20.000 денари и не знам како е да имаш толку пари. Мојата пензија е окоу 15.000 денари и со вакви поскапени цени на се, посебно на храната и на струјата, едвај го поминувам месецот. Треба да се купат лекови, витамини, третина оди за сметки…а она што ќе остане, за јадење. Често немам што да зговам за ручек, а за други трошоци не ни помислувам. Се ми е луксуз“, вели пензионерката Елена, која додава дека одговорните треба да сменат нешто во законот за да се пресметуваат поинаку пензиите, односо да бидат поголеми.

Маја Томиќ


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7