ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 02/14/22 9:52 AM

Цената на нафтата две недели во пораст поради тензиите околу Украина

Осма недела по ред цените на нафтата во светот бележат раст, како последица на тензиите меѓу САД и Русија околу Украина, како и на проценките за зголемената побарувачка оваа година кои се на рекордно ниво.

Новите, највисоки цени на нафтата од крајот на 2014 година, најмногу се должат на скокот во петокот за три отсто, откако Белата куќа соопшти дека Русија сега има доволно војници да почне воена операција во Украина. Се тврдеше дека нападот може да се случи секој ден и затоа сите Американци треба да ја напуштат Украина во рок од 24 до 48 часа.

– Сите сакаат да си обезбедат доволно нафта… ако дојде до инвазија, знаете дека следуваат санкции против Русија, што може да предизивикаат нарушување на снабдувањето со гас и нафра, изјави во петокот, Ендрју Липов, претседател на Lipow Oil Associates.

Меѓународната агенција за енергија ја соопшти оценката за недоволно снабдување, откако Организацијата на земјите извознички на нафта, предупреди дека светската побарувачка за нафта, оваа година може да расте уште повеќе, со оглед на силното закрепнување на економиите од корона кризата.

Меѓународната агенција за енергија соопшти дека Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, со поголемо производство, би можеле да ги смират нестабилните пазари.

Во САД инфлацијата достигна 7.5 отсто, на највисоко ниво во последните 40 години, така што американската Централна банка наскоро ќе ги зголеми клучните каматни стапки и тоа поагресивно, отколку што се очекуваше. Со ова, може да се забави растот на најголемата светска економија, а со тоа, и побарувачката за нафта.

Откако лани се зголемија за над 50 отсто, од почетокот на оваа година, цените на нафтата скокнаа за повеќе од 20 проценти.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7