ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 02/11/22 9:29 AM

Од понеделник скрининг тестирање на 1.000 лица по случаен избор-најави Петличковски

Од понеделник ќе почне скрининг-тестирање по случаен избор кое треба да покаже дали и каков имунитет на ковид-19 има населението, со цел да и се помогне на Комисијата за заразни болести и на државата во планирањето на идните активности. Тестирањето ќе се прави на примерок од 1.000 испитаници во Скопје, но има можност да се прошири во целата земја за да се добијат пореални податоци за имунизацијата.
Претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски вчера информираше дека вакво тестирање беше направено пред една година и тоа покажа дека околу 30 отсто од испитаниците биле серопозитивни, односно имале некаков имунитет. Тогаш нивниот имунитет се должел исклучиво на прележаната болест.

-Тестирањето ќе го почнеме од понеделник и ако не собереме доволен број испитаници ќе го продолжиме и следната недела. Очекуваме да дознаеме една година после првото истражување, каква е серопреваленцата односно колку од тестираните луѓе имаат некаков имунитет. Пред една година кога го правевме испитувањето немаше достапни вакцини и тие триесеттина отсто серопозитивни се должеа исклучиво на прележана болест. Сега има многу повеќе прележани и вакцинирани, така што ќе добиеме некаква насока, рече Петличковски.
Со илјада испитаници од Скопје или две до три илјади од земјава, нагласи тој, нема да имаме најпрецизни податоци, но, ќе имаме патоказ кон каде се движиме, а тоа ни е неопходно за да може да ги планираме следните мерки како Комисија и како држава.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7