ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 02/10/22 11:41 AM

Од идниот месец 5 отсто маржа на увозни стоки, за да нема голем скок на домашните цени-вети Бектеши

Од март маржите што ги плаќаат трговските компании при увоз на некои прехранбени стоки најверојатно ќе се намалат и ќе изнесуваат најмногу 5 отсто. Тоа е со цел да се намалат новите поскапувања и ценовните шокови за граѓаните поради зголемените увозни цени на храна.
Ова денеска го изјави министрот за економија Крешни Бектеши на прес конференција. За таа цел, спред него, во Министерството за економија работни групи ги разгледуваат сите опции, како да се продолжи владината мерка на замрзнати цени која важи до крајот на февруари.
„Во врска со мерката замрзнување на цените на основните 10 прехранбени стоки, што се воведе на 1 декември, а се продолжи до крајот на февруари, разгледуваме неколку можности како таа да се продолжи за да нема ценовни шокови за граѓаните. Во делот на увозот на стоки за трговијата на мало и големо, за трговците ќе се оди на намалување и фиксирање на износот на маржите на некои увозни стоки, со што нема да има драстичен скок на домашните продажни цени“, изјави Бектеши.

М.Т.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7