ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 02/9/22 10:45 PM

Има само 57 килограми – Јелена Розга отворено за здравствените проблеми

Пејачката Јелена Розга, која има 57 килограми, вели дека поради проблеми со тироидната жлезда не може да се здебели ниту половина килограм.

На пејачката во 2006 година и беше дијагностициран хипертироидизам, а пред четири години тахикардија.

Шармантната Сплиќанка раскажува како живее со овие болести, поради кои со години ја има истата тежина.

– Проблемите со тироидната жлезда не ми дозволуваат да се здебелам ни половина килограм. но има и до генетиката и живеење покрај море. Тироидната жлезда понекогаш знае да ме зафркава, но генерално се чувствувам добро. Не се откажувам, само насмевка на лицето и позитива – вели пејачката и додава дека и се слошило поради стрес.

– Сега најважно е што помалку да се нервираме и поради срцето и поради тироидната жлезда. Во изминатите неколку години сите концерти ги пеев без проблем, благодарение на терапијата и дисциплината. Сè уште можам да пеам и танцувам со мојата публика речиси два часа.

Јелена вели дека нејзините настапи ги заменуваат класичните тренинзи во теретана.

– Поминувам неколку часа на сцена пеејќи и танцувајќи, а тоа е одличен начин да останам „фит“ и да бидам во добра форма. Кога започна пандемијата на корона вирусот, морав да престанам да тренирам и тоа беше шок за моето тело. Затоа, додека бев во изолација, тироидната жлезда почна да работи. Тогаш тренерот ми рече да почнам да вежбам дома, што ми беше и корисно и неопходно. Кога станува збор за исхраната, пејачката истакнува дека секогаш се грижела за тоа што јаде.

– Внимавам што јадам, иако сум голем гурман. Се трудам храната што ја јадам да биде лесна и здрава. Јадам неколку пати на ден, но во помали количини, бидејќи тоа му одговара на моето тело. Понекогаш си давам одмор и се опуштам. Сакам медитеранска храна, полесна исхрана, која содржи многу овошје, зеленчук и риба. Во зима обожавам да јадам печени костени – објаснува Розга за Информер.

Извор: Блиц.рс

Фото: Рас Србија


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1