ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 02/9/22 12:06 PM

Над 74 отсто од младите Австријци веруваат дека пандемијата им ја „украла“ младоста

Околу 74,1 отсто од младите во Австрија, веруваат дека пандемијата им ја „украла” младоста. Со досада, стрес и преоптоварување се соочува оваа група луѓе за време на пандемијата на корона вирусот, покажуваат анкетите на јавното мислење.

Нивното расположение е лошо две години од почетокот на пандемијата. Младите Австријци се загрижени затоа што мислат дека се оставени сами да се снаоѓаат. Тие на политичарите им даваат само лоши оценки, кога станува збор за застапување на нивните интереси. Образованието се влоши за време на пандемијата, како и менталното здравје.

-Со проблеми на училиште или на факултет, младите се соочуваат со страв од иднината поради економска и политичка нестабилност, објасни директорот на агенцијата „Маркетагент”, Томас Швабел.

Лицата на возраст од 14 до 24 години сакаат повторно да патуваат, ноќна гастрономија, како и заеднички настани со пријателите.

Наместо тоа, младите велат дека се изложени на досада, стрес, преоптоварување, чувство на осаменост, чувство на безнадежност, депресија.

Половина од младите сè повеќе се справуваат со болести и смрт, а 20 отсто тврдат дека веќе имале самоубиствени мисли.

Младите Австријци сега поминуваат сè повеќе време пред телевизор, компјутер или паметен телефон. Само 34,5 проценти посветиле повеќе време на спортот за време на пандемијата. Дури 92,8 отсто од младите чекаат светот да се врати во нормала, а убедени се дека реалните последици, во целост ќе бидат видливи, дури по извесно време.

 

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7