ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 02/7/22 9:56 PM

Минималец од 18.000 денари, 80 илјади граѓани ќе се извлечат од сиромаштија – Владата и ССМ постигнаа договор

Заврши економско социјалниот совет на кој Владата и Сојузот на синдикати постигнаа договор за минимална плата од 18.000 денари.

– Среќен сум и задоволен што постигнавме договор и со Сојузот на синдикати и со работодавачите, со кој 80.000 граѓани ќе се извлечат над прагот на сиромаштијата. Тоа значи раст на нето платата на овие работници на 45 евра месечно. Зголемувањето на платата кое на работниците ќе почне да им се исплаќа на почетокот на април е мерка која во најголема мера ги опфаќа вработените во микро и малите претпријатија, трговијата, преработувачката индустрија и други важни индустрии во земјава. Оваа мерка е продолжение односно дополнителна поддршка за овие дејности кои беа помогнати и низ целата ковид-19 криза. Постигнавме уште една важна согласност, да ги промениме критериумите за методологијата за годишно усогласување на минималната плата со 50 % од годишниот раст на просечната плата и 50 % од растот на трошоците за живот. Третиот критериум е новина, висината на минималната плата нема да може да биде пониска од 57 % од просечната плата објавена според Државниот завод за статистика. Со дефинирањето на минималната плата на висина од 18.000 денари, сума која е и двојно покачување од минималната плата од онаа во 2016 година стануваме предводници во  Европа со висината на уделот на минималната во просечната плата, рече Ковачевски.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1