ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 02/7/22 3:36 PM

Израел речиси се откажува од ковид потврдите

Израел речиси се откажа од покажувањето ковид потврда за вакцинација, иако има рекорден број на пациенти тешко заболени од ковид.

Од денеска луѓето ќе мора да покажат сертификат за вакцинација или прележаност само доколку присуствуваат на големи настани како венчавки. Ова значи дека влезот во ресторани, кина или хотели веќе нема да биде условен со негативен тест.

Исто така со промената на правилата се опфатени лицата кои ќе го напуштаат Израел, па така веќе невакцинираните нема да мора да покажат негативен тест.

Правилата се ублажуваат и покрај тоа што низ болниците во Израел има повеќе од 1200 заболени од ковид, што е најголем број од почетокот на пандемијата во земјата која има 9,4 милиони жители.

Според податоците од Министерството за здравство 1250 пациенти се тешко болни.

Бранот на омикрон варијантата го достигна врвот пред околу две недели. Денеска се регистрирани 52.600 нови случаи.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7