ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 02/5/22 8:33 PM

Џејсон Статам по втор пат стана татко

Актерот Џејсон Статам (54) и манекенката Рози Хантингтон-Вајтли (34) добија ќерка, пренесува Дејли Меил. Манекенката се породи во Лондон кон средината на минатата недела, а парот го доби своето второ дете.
Рози ја објави веста за втората бременост на Инстаграм во август минатата година.
„Тааа дaaххх !! Втор круг”, напиша таа во тогашниот опис на фотографиите на кои го покажа трудничкиот стомак.
Убавата манекенка и 20 години постарата ѕвезда на акциони филмови заедно веќе го имаат синот Џек Оскар, кој има четири години.
Нивната прва средба се случи на музичкиот фестивал Коачела во 2010 година, а шест месеци откако се запознаа почнаа да живеат заедно. На почетокот често беа мета на критики поради големата разлика во години, но се чини дека тоа не ги поколеба. Џејсон клекна пред Рози во 2016 година, а иако се свршени пет години, изгледа не брзаат за да застанат пред олтарот.
Тие порано беа мета на потсмев и поради разликата во висината, со оглед на тоа што Рози е неколку сантиметри повисока од Џејсон.

извор: dnevnik.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1