Ќе се растура стар мост во Ротердам за да може да помине суперјахтата на Безос
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 02/4/22 11:25 PM

Ќе се растура стар мост во Ротердам за да може да помине суперјахтата на Безос

Властите во Ротердам потврдија дека ќе го демонтираат стариот мост кој е симбол на градот, за да може суперјахтата која се прави за основачот на Амазон Џеф Безос да стигне до морето.

Луксузната јахта, која ќе руши рекорди, ја гради холандската компанија „Oceanco“, а јахтата ќе биде долга 127 метри и очигледно превисока за да може да помине под мостот Конингсхавен.

Портпаролот на градоначалникот потврди дека планира да го демонтира мостот.

Надлежните го сметаат овој потег контроверзен, со оглед на тоа што мостот е симбол на градот и национален споменик. Мостот беше реновиран помеѓу 2014 и 2017 година, а официјалните лица тогаш изјавија дека нема да може повторно да се демонтира.

Агенцијата АФП цитираше соопштение од кабинетот на градоначалникот, во кое се наведува дека работата создадена со изградбата на бродот го поттикнала планот и ветила дека мостот ќе биде реновиран во сегашната форма.

– Тоа е единствениот пат до морето – додаде портпаролот на градоначалникот.

Тој став го повтори и лидерот на проектот за локална самоуправа во Ротердам, Марсел Валравенс, кој рече дека не би било практично да се заврши изградбата на јахтата на друго место.

Тој рече дека овој проект е многу важен за економијата и за имиџот на Ротердам, кој е познат како поморска престолнина на Европа.

Мостот најверојатно ќе биде демонтиран во текот на летото, а се очекува за неколку недели да биде вратен во првобитната состојба.

Јахтата позната како „Y721“ ќе биде најголема во светот, а ќе има хелиодром и помошна јахта.

Извор: Телеграф.рс

Фото: Профимедиа


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7