ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 02/4/22 10:27 PM

(Видео) Андреа со „Circles“ ќе претставува Македонија на Евросонг

Андреа со песната  „Circles“ ќе ја претставува Македонија на ИЗборот за песна на Евровизија, која ќе се одржи во мај во Торино, Италија.

Андреа победи поради поголемиот број гласови од жирито, бидејќи со Виктор Апостоловски имаа изедначени, по 20 поени од жирито и публиката, чиј сооднос беше 50:50.

Во трката за победа минатата недела  влегоа Ris Flower, Kaly, Lara, Yon Idy, Андреа и Виктор Апостоловски, а публиката имаше можност да ги слуша и да гласа на евровизиската платформа на МТВ, која е осранизатор на националниот избор,цела недела.

-Луѓе ви благодарма што гласавте. Ви благорсама за довербата се надевам дека нема да ве разочарам, рече Андреа веднаш по прогласувањето.

Автор на победничкатга песна е Александар Масевски, кој рече:

-Ви благодарам што гласавте за нашата песна. Ќе направиме се за да ја оправдаме за довербата, рече тој.

Погледнете го видеото од евровизиската песна:


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1