ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 02/2/22 10:18 PM

Богдан се иселил од вилата на Цеца- Што се случило неколку дена пред таа да замине на Малдиви

Цеца Ражнатовиќ и Богдан Срејовиќ по една година љубов ставија крај на врската, а тој се исели од нејзината вила на Дедиње, каде живееја заедно со месеци.

Неколку месеци откако ја започнаа врската, Цеца и Богдан почнаа да живеат под ист покрив, во нејзината вила.

Секој слободен момент го користеа за да одат на заеднички патувања, но нивната база беше во Белград, во куќата на Цеца.

Меѓутоа, кога љубовта згасна и решија да раскинат, Срејовиќ ги спакува куферите и се исели од домот на пејачката. Тоа се случи неколку дена пред Цеца и нејзините пријатели да заминат на одмор на Малдиви.

Цеца и Богдан не сакаа премногу да коментираат за раскинувањето што се случи, туку единствено што сакаа беше да ги потврдат овие наводи:

– Веќе не сме во врска, но ќе бидеме пријатели до крајот на животот.

Очигледно имало разлики, а Цеца и Богдан не ги надминале сите предизвици кои биле пред нив, па оваа љубовна приказна станала само спомен.

Раскинувањето не беше бурно, ниту пак трето лице, но двете страни сфатија дека емоциите исчезнале.

Извор: Блиц.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1