ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 02/2/22 9:31 PM

Спас за дијабетичари – Чај кој се пие после секој оброк го регулира шеќерот

Кога телото не произведува доволно инсулин хормон, се развива дијабетес тип 2.

Дијабетес тип 2 (дијабетес мелитус) е најчестиот облик на дијабетес. Во оваа форма на дијабетес, панкреасот произведува мали или недоволно количество инсулин, па клетките не добиваат доволно гликоза за да произведат енергија. Симптомите кои укажуваат на оваа состојба се, меѓу другото, чувство на голем замор, проблеми со мочниот меур и често одење во тоалет и рани кои полека зараснуваат.

Најважно е да ја забележите оваа болест на време за да ја контролирате на вистински начин и да спречите сериозни последици. Кога ќе се дијагностицира, лекарот пропишува посебен режим на исхрана, а во некои случаи и лекови и инјекции.

Новото истражување покажа дека и еден чај може да помогне во регулирањето на нивото на шеќер во крвта, што не значи дека можете сами да престанете да земате лекови и да ги замените со чај.

Студија објавена во „Saudi Journal of Biological Sciences“ покажала дека консумирањето чај од листови од дудинка може да спречи голем скок на шеќерот во крвта, доколку овој пијалок се пие после оброк.

Целта на студијата беше експертите да утврдат дали чајот од црница може да помогне во намалувањето на многу високите нивоа на шеќер во крвта после оброк кој содржи многу јаглехидрати.

За потребите на студијата, 28 волонтери со дијабетес пиеле чај од листови од дудинка, додека 20 од нив пиеле некој друг, „обичен“ чај. Примероците од крв биле земени по појадокот, а ефектот на чајот од листовите од дудинка научниците го оцениле како „многу значаен“.

„Чајот од листовите од црница го спречува зголемувањето на гликозата по оброкот 90 минути по консумирањето“, велат тие.

Извор: Стил.курир.рс

Фото: Shuterstock


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1