ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 02/1/22 10:38 PM

Дневен хороскоп за среда 2. Февруари

Овен

Аспектите ви носат прилив на енергија што ви недостигаше во минатото. За жал, во исто време доаѓаат и нови обврски кои ќе ја засенат сета убавина од овој период. Ви претстои напорна работа за која нема да ја добиете очекуваната награда

Бик

Не сте во форма, а имате работа. Не сте во можност да ги исполните сите обврски кои можат да предизвикаат целосен пад на енергијата и колапс. Прераспределете ги вашите капацитети и одложете сè што може да чека подобар момент.

Близнаци

Непланираните трошоци целосно ве исфрлаат од рамнотежа. Не разбирате зошто, иако сте исцрпени, не можете финансиски да врзете крај со крај. Проблемот не е во малиот прилив на пари, туку во вашето претходно трошење.

Рак

На љубовен план се проектира и мечтаењето кое ве обзело. Спуштете се на земја, поради изразените промени на расположението сте почувствителни, што може да ги усложни односите и да ја доведе и онака разнишаната врска до тешко искушение.

Лав

Нетрпеливоста и импулсивноста намалете ги на минимум за да избегнете поголеми неволји. Си давате слобода да ги барате заслугите што не сте ги заработиле. Време е да ја пронајдете убавината во давањето, дури и ако симболично подарувате мали нешта.

Девица

Со арогантен однос ја иритирате околината која има се помалку трпение за вашите гафови. Доколку не се прегрупирате на време, во текот на денот може да доживеете многу непријатна ситуација која ќе ве засрами. Забавете го темпото и прилагодете ја брзината.

Вага

Обврските трпат затоа што не сте фокусирани. Далеку сте со мислите бидејќи однапред планирате активности чија реализација е сеуште далеку. За да направите нешто конкретно, треба темелно да го подготвите теренот, а тоа не се постигнува со сонување.

Скорпија

Негативната енергија што сте ја поттикнале се собира околу вас. Ви се чини дека околината ве исцрпува, а вие го занемарувате тоа што ги оптоварувате со вашето мрчење. Запомнете, она што ви доаѓа е пропорционално на она што го давате.

Стрелец

Добивате покана активно да се вклучите во проекти кои се развиваат во вашето деловно опкружување. Од вас се очекува да бидете пионер во почетоците на нов тип на бизнис и поради некоја причина чувствувате дека тоа не е добро за вас. Слушајте ја вашата интуиција, повлечете се.

Јарец

Околностите ве наведуваат да донесете одлука која не е во склад со вашата природа. Подготвени сте да се жртвувате, но во срцето чувствувате дека сето тоа е понижувачко за вас. Не земајте сè при срце, ако тоа е заради повисок интерес, не е страшно понекогаш да се покорувате.

Водолија

Им дозволувате на вашите финансии да го условуваат вашето расположение и динамиката на гледање со луѓето за кои се грижите. Ако ги игнорирате проблемите со парите, ќе сфатите дека дебел паричник не е неопходен за дружење и пријатни секојдневни муабети.

Риба

Имагинативни сте, разноврсни и полни со идеи, па има големи шанси добро да ја искористите. Сепак, за да постигнете некои поголеми цели, ќе треба да жртвувате нешто, а тоа најверојатно е нешто што е поврзано со вашиот приватен и љубовен живот.

Извор: Магазин.новости.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1