ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 02/1/22 8:52 AM

Биковиќ закупил цело кино за да може сам со Ивана да гледа филм – Кој вели дека не бил романтичен?

Актерот Милош Биковиќ бившите го критикуваа дека не е романтичен кон девојките, но неговиот последен гест го покажува спротивното.

Неодамна ја изненадил својата драга Ивана Малиќ со проекција на филм само за нив двајца, дознава Курир.
Милош имал билети за премиерата на филмот „Златно момче“, но одлучил во мир и тишина да го гледа новиот филм на режисерот Огњен Јанковиќ. Три дена подоцна дошол на идеја да изнајми помала кино сала во центарот на Белград и сам со девојка му Ивана да гледаат филм. Двајцата уживале во 90 минути од филмот за младиот фудбалер Денис Марковиќ, а по излегувањето од салата биле насмеани, што значи дека многу им се допаднало.

Заљубениот пар моментално ужива во зимувањето на Мокра Гора, каде актерот има свои апартмани. Зимуваат во друштво на колешките на Биковиќ, Миљана Гавриловиќ, Петар Бенчина, Миодраг Радоњиќ и Тамара Драгичевиќ.

Милош и Ивана требаше заедно да отпатуваат во Америка на премиерата на филмот „Јужен ветер 2“, но поради корона целата работа пропадна. Познатиот актер има сериозни намери со Ивана, родум од Бар, бидејќи заедно живеат неколку месеци.
Ивана и Милош првпат се појавија заедно на Светското првенство во бокс во Белград, а потоа и во салата Комбанк, на премиерата на филмот „Јужен ветер 2: Забрзување“, во кој тој ја толкува главната улога.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7