ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/29/22 11:08 AM

Кој е вашиот фаворит? Стартуваше гласањето за македонски претставник на Евросонг

Македонската телевизија вчера ги претстави кандидатите за македонски претставник на Изборот за песна на Евровизија.

Од вкупно пристигнатите нумери шест влегоа во финале и за нив ќесе гласа до четврти фебруари, по што ќе се знае кој ќе пее за Македонија во Торино, Италија. Во трката за победа влегуваат Ris Flower, Kaly, Lara, Yon Idy, Andrea, Viktor Apostolovski,

-Преслушај ги селектираните топ 6 песни и изведувачи и гласај за оној кој најмногу ти се допаѓа и сметаш дека најдобро ќе не претстави на евровизиската сцена во Торино годинава. Може да се гласа само еднаш за една композиција. Платформата за гласање ќе биде отворена седум дена од промоција на песните, односно од 28.01.2022 во 22:00ч до 04.02.2022. Гласовите од публиката се половина од финалниот резултат, а другата половина ќе се добие од гласови на меѓународно стручно жири. Гласовите од онлајн гласањето и гласовите на меѓународното стручно жири ќе бидат претворени во поени, според евровизискиот принцип на гласање (50:50), се вели во официјалната информација од МТВ.

Победник ќе биде изведувачот кој ќе освои најмногу поени и тој ќе ја претставува земјата на Изборот за песна на Евровизија 2022 во Торино. Доколку дојде до изедначен број на поени, тогаш предност ќе има мислењето на меѓународното стручно жири.

Линкот на кој може да се гласа може да го видите тука.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1