ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/29/22 10:12 AM

Ја дрогирал и силувал на јахтата – Жена го тужи Крис Браун и бара оштета од 20 милиони долари

Крис Браун е тужен затоа што наводно дрогирал и силувал жена на јахта закотвена до куќата на Паф Диди „Стар Исланд“ во Мајами, Флорида, пишува “Rolling Stones”.
Според тужбата, професионалната кореографка, танчерка, модел и музички уметник, чиј идентитет не е откриен, на 30 декември била поканета на јахтата од пријател, додека била во посета на Мајами.
Наводно, за време на разговорот, Браун и го грабнал телефонот и и рекол дека „чул за нејзината музика и ја поканил што поскоро да оди кај Диди на островот Стар“.

Жената отишла на јахтата и, според тужбата, Браун и понудил пијачка во кујната, давајќи и чаша мешан пијалок. Потоа разговарале за нејзината музичка кариера и „Браун ѝ понудил совет за започнување кариера во музичката индустрија“. Браун наводно и по втор пат ја наполнил чашата со пијалок, по што таа станала „дезориентирала, физички нестабилна и почнала да заспива“, се наведува во документот.
Во тужбата се тврди дека жената потоа била однесена во спалната соба, каде Браун ја затворил вратата и ја спречил да замине. Според тужбата, тој потоа ја соблекол и ја силувал, а откако ејакулирал во неа и рекол „завршив“. Следниот ден, Браун ја замолил да земе итна контрацептивна таблета, според тужбата.

Жената која го тужеше пејачот бара отштета од 20 милиони долари покрај кривичната отштета и адвокатските трошоци.

Извор и фото: www.b92.net


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1