ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/29/22 9:34 AM

Денес слаб снег и ветер, од вторник дожд -Внимавајте на патот кон Ѓавато, Крива Паланка и Попова Шапка

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен слаб снег, а во текот на денот облачноста ќе се намалува. На повеќе места ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, над 60 километри на час.

Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен слаб снег. Ќе дува засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.

Утре и в понеделник ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува од вторник.

Сообраќајот се одвива непречено по наместа влажни коловози, со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини. Снег со слаб интензитет врне во Ѓавато, Крива Паланка и Попова Шапка.

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поради свлечиште и голем одрон на патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци на 10 километри пред Миладиновци, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно возење.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1