ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/28/22 9:34 PM

„Пруживме црево ама џабе, да имавме вода ќе помогневме“ – Изгаснат пожарот во тетовката населба Котлук, еден човек е повреден

Стариот дел на Тетово остана без електрична енергија, откако околу 19 часот пожар изби во една куќа во тетовската населба Колтук.

Во моментот на избувнувањето на пожарот, во објектот бил сопственикот на возраст од 50 години кој со интервенција на тетовските пожарникари е извлечен надвор и веднаш е префрлен во Клиничката болница во Тетово за укажување на лекарска помош, каде му се констатирани изгореници.

Среќа во целата несреќа е што пламените јазици не го зафатија малото од збиен тип, каде куќите се залепени една од друга. Мала материјална штета има предизвикано само кај два соседни објекти на сега веќе изгорената куќа.

-Се се случи за многу кратко време. Видовме облак од чад, мирисаше лошо. Се собравме сите соседи и интервениравме секој со тоа што го има, туби вода и слично. Повикавме пожарна, дојдоа многу брзо. Само неколку минути не делеше до голема трагедија. Но, секоја чест на пожарникарите за нивната експедитивност, вели еден жител на Колтук.

Дел од соседите се пожалија на вечниот проблем на жителите од ова мало.

-Да имавме вода, ќе беше многу подруго, знаете тука има цело време рестрикции во водоснабдувањето, а кога има вода е со многу мал притисок. Но, без вода лошо. Ние живееме, веднаш над објектот кој се запали. Пруживме црево, но бадијала, нема доволен притисок, со кој би се изгасил пожарот.. За среќа имааа едни соседи хидрофор, па малку од малку, ги смиривме пламените јазици, додада друг сосед.

Дел од жителите на Колтук, велат дека не е прв пат да се зафати со оган објектот на нивниот сосед.

-Се работи за лице кое живее само, а повремено има и по некои киријаши. Тоа лице е често во алкохолизирана состојба, и затоа е ваква работата. Еднаш се запали од цигара, па го изгаснавме, ние соседите пожарот. Сега не знам од што се запали, ни прети голема опасност, надлежните треба да преземат сериозни чекори, додава друг сосед.

Тетовските пожарникари повеќе од два часа интервенираат на лице место, со цел да го локализираат пожарот, каде има десетина пожарникари и четири противпожарни возила.

Фото и текст: Зоран Димовски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1