ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/28/22 9:35 PM

(ВИДЕО) Роналдо ја шокираше Георгина со подарокот за роденден – Цел Дубаи гледаше во неа

Кристијано Роналдо и приреди неверојатно изненадување на својата вереница Георгина Родригез за нејзиниот роденден.

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед со фотографија од својата поубава половина ја „наслика“ највисоката зграда на светот „Бурџ Калифа“ во Дубаи!

Георгина го прослави својот 28 роденден, а тој ден го помина со Роналдо и семејството во Дубаи, каде Манчестер Јунајтед се одмара во потопла клима и се подготвува за продолжението на сезоната.

Но, Роналдо очигледно решил да и приреди големо изненадување, па решил целата Бурџ Калифа да биде во знакот на Георгина.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Роналдо на Инстаграм објави и видео во кое и го честита роденденот, а Георгина остана во шок.

“Вака завршува интересен ден, зборовите не можат да излезат од мене. Благодарам, благодарам и благодарам, Кристијано. Не можеш да ме направиш посреќна од ова”, напишала Георгина.

Извор: Мондо.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1