ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/28/22 7:18 PM

„Дома буквално се ни мириса на бебе“ – Зошто Димитар Андоновски на синчето му го даде црковното име Гаврил

Ти благодатам предобар Господи што јас и Христина по втор пат сме благословени и ќе му се радуваме на нашиот втор син. Сине Гаврил, да си ми жив, здрав и благословен, да се радуваме заедно цел живот.

Вака пејачот Димитар Андоновски му се заблагодари на Бог, што му овозможи  по втор пат да стане татко и во чест на љубовта кон Бога со сопругата Христина на синчето му го дадоа црковното име Гаврил.

Димитар со синот Михаил

-Кога дознавме дека ќе имаме син, некако спонтано си дојде името. Поголемото синче се вика Михаил, а ова сакавме да се вика Гаврил, имиња од големите седум архангели. Цело време си велевме Гаврил. Кога дојде време Христина да се породи, бидејќи беше со царски, испадна дека на тој ден, „Св. Гаврил Светогорец“ бил канонизиран и сето тоа ни се поклопи за да дефинитивно уште еднаш потврдиме дека ова име  сакаме да го носи на нашето бебе. Име на светител, кој на некој начин е и нивен заштитник, а ќе можат да си ги празнуваат, вели Димитар за ММС и додава:

-Дома е преубаво чувство. Гаврил донесе нова енергија. Дома буквално се ни мириса на бебе. Христина е човек кој е вистински родител, посветена е на децата и во тој поглед многу ми помага и мене. Јас со моите  обврски знам да отсуствувам од дома, па таа се грижи за децата и домот. Помагам колку можам, задоволство ми е и навистина уживам во секој момент поминат со нив. Мене голема желба ми беше да имам ќерка и се надевам дека Господ ќе не послуша и дека третото ќе биде девојче, рече тој.

Димитар, особено последниве неколку години си повеќе е свртен кон духовниот живот, по вербата, по религијата, па оттаму е не е чудно што со сопругата се одлучиле децата да носат црковни имиња.

-Одсекогаш сум бил, можеби сега е поизразено. Уште од дете тоа си го носев во себе. Тоа веројатно е вродено и како поминуваат годините, како што си ја создаваме верата, така и љубовта кон Господ станува се поголема. Мислам дека како ја запознаваме религијата, така  се повеќе се стремиме да бидеме и подобри како луѓе. Јас си ги почитувам црковните правила и сметам дека тоа е темелот на нашата религија, но најважно е она што го правиме од срце.

Димитар Христина и Михаил

Некогаш џабе постиме, џабе почитуваме ако повторно правиме работи што не треба да ги правиме. Чиста енергија треба да зрачи од нас, љубовта кон блиските, кон лугето е можеби највистинското кое Бог го наградува кај секој кој се труди да биде човек со љубов, добри дела, да помага. Како велат: „Џабе постиш ако си го јадеш својот ближен“, што значи џабе се воздржуваш од храна ако не се воздржуваш од лошите дела, вели Димитар и додава дека тој е од оние верници кои пости и убаво му е додека трае постот.

„ Колку и да сакаме да бидеме добри некогаш самиот свет не прави во еден момент да се изнервираме или бурно да изреагираме. Некако постот ме враќа  во мирната енергија, ми дава спокој на душа, самата молитва. Се трудам, но ако не можам да постам си барам благослов од мојот духовен водач Отец Партениј и постам онолку колку ми се силите, колку можам да издржам.  Но, гледам да ги запазувам сите правила.

Димитар со Отец Партениј

Мој духовник отец, духовен отец е Партенј, човек кој те води во животот и те исправа на еден духовен пат, на правилен начин на живот, кој претпоставувам дека секој од нас би требало да го живее.  Духовникот е човек кој буквално ги дели сите они работи што ги носиме, сите гревови што ни тежат. Се исповедуваме пред него и тој е тој, кој на некој начин го поминува тестот на нашите тежини. Ме упатува како треба во животот еден Христијанин да си го пронајде патот и да најде смирение и да се развива духовно. Тоа е поентата на еден духовник, човек кому можеш буквално да му се предадеш за да може да ти помогне и во верата и во животот, да го најдеш својот пат на правилен и вистински начин, рече то за ММС.

Весна Миленковска

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1