ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/28/22 6:08 PM

Ми требаше време да станам свесен за тоа – Петар Грашо за прв пат зборуваше за приновата

Пејачот Петар Грашо за прв пат се огласи за бременоста на неговата 15 години помлада девојка Хана Хуљиќ.

Приновата ќе пристигне на почетокот на летото, а планираат и свадба која треба да се случи во март кога и Грашо слави роденден.

Мартина Подгорски, ПР на популарната пејачка, за 24сата.хр потврди дека триесет и едногодишната Хана и четириесет и петгодишниот Петар чекаат дете.

„Информациите за бременоста на Хана Хуљиќ се точни. Семејството и пријателите се многу среќни. Како што знаете, Хана и Петар се секогаш, и ќе продолжат да се трудат максимално да ја задржат својата интимност подалеку од очите на јавноста. Сеуште немаат планови за свадба“, изјави Подгорски на почетокот на јануари.

Грашо сега за прв пат објави добри вести.

„Ми требаше време, како што веројатно и на секој човек да стане свесен за оваа прекрасна информација, а сега живееме во слатко исчекување. Кога ќе ја затвориме вратата од нашата куќа, ние сме како сите нормални семејства кои чекаат принова“, изјави пејачот за „Hello“.

Грашо и пејачката Данијела Мартиновиќ во мај минатата година ставија крај на 24-годишната врска, а пејачот набрзо потоа најде утеха во ќерката на Тончи Хуљиќ.

Извор: Нова.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1