ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/28/22 4:10 PM

Барселона доведе фудбалер кој на терен излегува намачкан со бебешко улје и не крева тегови

Еден од најсилните играчи во Премиерлигата се враќа дома, во Барселона. Крилниот напаѓач на Вулверхемптон, Адама Траоре (25 години, 178 см) ќе ја заврши англиската епизода после шест години и ќе ја задолжи опремата во шпанскиот клуб со можност да го откупат на лето за 30 милиони евра.

Репрезентативецот на Шпанија родум од Мали дебитираше за Барселона во 2013 година заменувајќи го Нејмар на мечот со Гранада, но за него немаше место во тимот и замина во Премиерлигата.

Неговите адути се брзината и снагата, а мускулестото тело го истакнува со тоа што пред влегување во игра се мачка со бебешко улје.

– Моравме нешто да направиме за да го заштитиме. Дефанзивците се плашат дека ќе ги претрча, па го тегнат за рацете и го соборуваат. Поради тоа повремено му се исчашуваше рамото. Кога ќе ги намачка рацете, тогаш тоа им го отежнува на противниците и тешко им е да го фатат. Истовремено тоа го спречува да доживее нови повреди – објасниле од англискиот клуб за Адама Траоре кој во едно интервју откри дека не кревал воопшто тегови.

Извор: Mondo.rs

фото: ourfourtwo.com/

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1