ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/28/22 2:20 PM

Од 42 неисправни автобуси и комбиња, 22 биле без кочници – Нова четиричасовна акција на МВР

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27 јануари) од 8 до 12 часот, спроведе акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, пред се автобуси и комбиња.При контролата, откриени и санкционирани се 42 технички неисправни возила, од кои 22 имале неисправен уред за запирање, 6 неисправен уред за управување итн. Од овие 42 прекршоци, 11 биле констатирани на територија на СВР Тетово, 10 на територија на Скопје… Возилата се исклучени од сообраќај и ќе следуваат соодветни поднесоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

извор и фото: МВР

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1