ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/28/22 9:04 AM

Ако има проблем, не ја барајте полицијата, барајте ме мене  – Ковачевски го дал својот телефонски број на одговорниот на Бугарската новинска агенција во Скопје

Во обид да го објасни степенот на личното залагањето на македонскиот премиер Димитар Ковачевски во решавањето на спорот со Бугарија, неговиот бугарски колега Кирил Петков на сослушувањето во Народното собрание даде конкретен пример.

-При мојата посета на Скопје, бевме во канцеларијата на БТА (Бугарската новинска агенција). Ковачевски му го даде својот телефон на човекот кој постојано е во канцеларијата и му кажа: „Ако има каков било вандализам и најмали графити, не ја барајте полицијата, барајте ме мене“, рече Петков одговарајќи на прашањата на пратениците.

Поранешната шефица на дипломатијата Екатерина Захариева, сега пратеник на ГЕРБ, го критикуваше брзото потпишување на три меморандуми, фактот дека Петков дошол во Скопје, како што рече „првиот ден откако Ковачевски ја презел функцијата“ и праша дали заеднички ќе се чувствува Гоце Делчев на 4 февруари. Захариева пренесе и нејзини неофицијални сознанија дека власта во Скопје попречувала инвеститори во нивните планови.

-Тие (Македонија н.з.) го изгубија е европското финансирање за Коридорот 8, создаваа бирократски пречки за нашите инвеститори, добивавме десетици сигнали од десетици фирми, дека поради фактот дека се бугарски фирми се измислуваат нови правила за нив, со цел договорот да не биде склучен. Воопшто, секаков тип на административни пречки, само затоа што се инвеститори од Бугарија, рече Захариева.

Сослушувањето е во тек, а пратениците имаат бројни прашања, како економската соработка, дали приближувањето ќе значи и на пример, укинување на роамингот, за резултатите од вчерашната посета на Петков во Брисел и разговорите за Македонија, за работата на Заедничката историска комисија, до каде е процесот, како што рекоа растечкиот тренд на говор на омраза во Македонија и статусот на бугарското малцинство.

-Најдобриот интерес на Бугарија е да имаме добросседство, отворени граници и правата на Бугарите во Северна Македонија да се заштитени, РС Македонија да е демократска земја и да нема корупција, рече Петков.

Сослушувањето е во тек.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1