ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/27/22 7:40 PM

Евтин чај кој го намалува шеќерот во крвта, се пие после оброк, а дејствува брзо

Чајот од листовите од црница го спречува наглото зголемување на шеќерот во крвта после оброк, велат научниците по новото истражување.

Дијабетесот тип 2 се карактеризира со високо ниво на шеќер во крвта, но за среќа, еден пијалок може да ви помогне да го регулирате.

Кај луѓето со дијабетес, телото не може да произведе доволно инсулин или да произведе инсулин, но клетките се отпорни на него. Зголеменото ниво на шеќер во крвта може да се регулира со диета, лекови или инјекции, сето тоа зависи од тежината на ситуацијата и проценката на лекарот.

Сепак, новото истражување покажа дека дури и еден чај може да помогне во регулирањето на нивото на шеќер во крвта, што не значи дека можете сами да престанете да земате лекови и да ги замените со чај.

Имено, студија објавена во „Saudi Journal of Biological Sciences“ покажала дека консумирањето чај од листови од дудинка може да спречи голем скок на шеќерот во крвта, доколку овој пијалок се пие после оброк.

Целта на студијата беше експертите да утврдат дали чајот од црница може да помогне во намалувањето на многу високите нивоа на шеќер во крвта после оброк кој содржи многу јаглехидрати.

За потребите на студијата, 28 доброволци со дијабетес пиеле чај од листови од дудинка, додека 20 од нив пиеле некој друг, „обичен“ чај. Примероците од крв биле земени по појадокот, а ефектот на чајот од листовите од дудинка научниците го оцениле како „многу значаен“.

„Чајот од листовите од црница го спречува зголемувањето на гликозата по оброкот 90 минути по консумирањето“, велат тие.

Извор: Мондо.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1