ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/27/22 6:52 PM

Починаа 27 лица од Ковид-19, нови 1.861 случаи и 7.273 оздравени

Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа има 1861 нови случаи со Ковид-19 од 5446 тестови, оздравени се 7273,  а починале 22 пациенти, најмладиот на 22 години. Пријавени се и уште пет починати лица, најмладиот на 39 години, со датум на смрт од 17 до 25 јануари, соопшти Министерството за здравство.

Половина од новите случаи се во Скопје – 908, Битола – 115, Кавадарци – 100, Куманово – 88, Тетово – 75, Прилеп – 69, Велес – 54, Струмица – 50, Гостивар – 45, Охрид – 41, Штип – 37, Гевгелија – 34, Неготино – 32, Свети Николе – 23, Кичево – 22, Струга и Ресен по 20, Радовиш – 18, Кочани и Крива Паланка по 16, Валандово – 15 новозаразени, Делчево – 11, Богданци – девет, Виница, Македонска Каменица, Демир Капија и Пехчево  по пет, Берово, Дебар и Македонски Брод по четири Пробиштип и Демир Хисар по тројца, Кратово и Крушево – по двајца и Дојран – еден нов случај.

Од вкупниот број позитивни (1861), регистрирани се 242 реинфекции, од кои една е втора реинфекција.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 22 починати лица: девет од Скопје (68г, 73г, 77г, 81г, 82г, 84г, 84г, 86г и 87), по тројца починати од Кавадарци (69г, 78г и 88г) и  Битола (66г, 67г и 73г) и по едно починато лице од Демир Капија (73г), Куманово (86г), Неготино (87г), Прилеп (22г), Струга (76г), Струмица (73г) и Тетово (58г). Од пријавените лица, 21 се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој термин“, пријавени се пет починати лица, од двајца од Охрид и по едно од Скопје, Прилеп  и Гевгелија, на возраст од 39 до 90 години. Пријавените се починати во период од 17 до 25 јануари 2022. Од пријавените лица, три се починати во болнички услови, а две лица во домашни услови.

Регистрирани сe 7273 оздравени пациенти: Скопје – 4208, Битола – 582, Прилеп – 317, Охрид – 302, Струмица – 176, Куманово – 170, Тетово – 143, Кавадарци – 136, Струга – 107, Гевгелија – 105, Велес – 92, Крушево – 84, Гостивар – 82, Кичево – 72, Валандово – 71, Штип – 67, Ресен – 66, Неготино – 59, Делчево – 58, Кочани – 57, Радовиш – 54, Крива Паланка – 41, Берово – 34, Кратово – 31, Свети Николе – 25, Демир Хисар – 24, Богданци – 23, Македонски Брод – 17, Виница – 16, Македонска Каменица – 15, Пробиштип – 12, Пехчево –  девет, Демир Капија – осум, Дојран – седум, Дебар –  тројца оздравени.

Од вкупниот број на починати лица (27), шест лица се целосно вакцинирани, а кај 24 се регистрирани коморбидитети.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1