ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/27/22 2:38 PM

Таен додаток, со кој кафето станува моќно оружје во борбата против вишокот килограми

Кафето е омилен пијалок на многумина ширум светот, особено утринското, без кое многумина, како што тврдат, не можат да се разбудат. И покрај тоа што горе-долу веќе се е познато за овој пијалок, сепак постојат работи кои можат да ве изненадат.

На пример, она што многумина сè уште не го знаат е дека кафето го забрзува метаболизмот. Додека уживате во утринската доза на кофеин, оваа состојка во исто време ги забрзува вашите внатрешни системи, а тоа на крајот може да доведе до малку помали бројки на вагата. Се разбира, ако се држите до црно кафе, без слатки адитиви.

Нутриционистката Лиза Ричардс открила и трик, поточно таен додаток, со кој кафето станува моќно оружје во борбата против вишокот килограми. Се работи за цимет.

„Циметот ја стимулира термогенезата во телото“, вели таа, објаснувајќи дека тоа е процес при кој се создава топлина во човечкото тело, како резултат на тоа, се согоруваат повеќе калории.

Едноставна, природна состојка, циметот во кафето, е органска алтернатива на суплементите за термогенеза, покажуваат резултатите од студијата објавена во списанието „Метаболизам“.

Покрај тоа, циметот е многу здрав, па додавањето на една кафена лажичка во кафето ќе има уште повеќе придобивки од слабеењето. Претходните студии покажаа поврзаност помеѓу циметот и подобрата контрола на нивото на шеќер во крвта, а бидејќи е богат со антиоксиданси, се истражува неговиот ефект врз деменција и ХИВ.

Доброто е што има добар вкус, па дефинитивно нема да го уништи пијалокот што толку многу го сакате.

Преземено од: https://mondo.rs/
Фото: https://unsplash.com/

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1