ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/27/22 12:47 PM

Затворска чуварка задоволува осуденик! Скандал во затвор поради експлицитна акција

Жена која работела како чувар во затворот од Б-категорија, Вандсворт во Лондон е суспендирана поради порно-снимка која се проширила со брзина на светлината, а британските таблоиди ги наполнија насловните страници.

30-годишната затворска чуварка на спорната снимка му дава сексуална услуга на затвореникот. Тој на себе има малку облека и не му се гледа јасно лицето, но таа е во униформа и претпоставените веднаш ја препознале на видеото.

Снимката е откриена откако затворениците во Вандсворт си ја делеле меѓусебе што го привлекло вниманието на чуварите.

– Ако снимањето се случило на територијата на затворот со затвореник кој во тој момент служел казна, последиците би можеле да бидат сериозни – наведува извор од истрата.

Затворот Вандсворт е инаку еден од најполните во Британија и тамошните медиуми потсетуваат дека во него често се наоѓаат и по 70% повеќе затвореници отколку што е предвиден капацитетот.

 

Извор: Mondo.rs

 

Фото: youtube/bbc


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1