ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/27/22 11:27 AM

Студени радијатори во битолската болница – се згрижуваат само итни случаи

До редакцијата на ММС пристигна реакција од читател, кој реагира дека битолската болница нема парно греење. Тој вели дека болните биле оставени да смрзнуваат на сибирски студови, а болницата ќе наплати за услугите.

Директорката на Клиничка болница Битола, д-р Билјана Гагачовска за ММС вели дека парно има, но поради екстремно ниските температури кои ја зафатија Битола, не може да се постигне оптимална температура на парното греење.

„Инфраструктурата, цевките, инсталацијата се многу стари, поради што не може да се зголеми температурата бидејќи постои опасност од пукање. Од тие причини, во овој период се дадени насоки да се згрижуваат само итни и ургентни пациенти, а таму каде што има услови, поставени се дополнителни грејни тела, но мора да се внимава да не дојде до преоптоварување на електричната мрежа“, рече д-р Гагачовска.

Деновиве во Битола температурата се спушти и до минус 16 степени.

 

М.Б.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1