ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/27/22 8:07 AM

Зимата во полн ек – Од сабота заладување, од вторник дожд и снег

Времето денеска претпладне ќе биде облачно, со слаб до умерен северен ветер. Масималната температура ќе достигне до 9 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а максималната температура ќе достигне 6 степени.

Утре во најголем дел од денот ќе се задржи стабилно време со пораст на температурата. Во ноќните часови, како и во сабота претпладне во западните делови ќе има локални врнежи од снег.

Во сабота ќе дува засилен северен ветер, што повторно ќе ја намали дневната температура. Нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во вторник.

Утрово најниска температура од -12 степени  е измерена во Маврови Анови и на Попова Шапка, потоа следат Охрид, Крушево, Дебар и Тетово со -с 8, -7 во Претор, -4 Берово, Битола, -3 Прилеп Крива Паланка, -2 Штип, Виница, -1 Куманово, Струмица, Скопје – Зајчев Рид, 0 Демир Капија, 3 Гевгелија.

Како што соопшти УХМР, највисока снежна покривка утрово е измерена во Пожаране -13 сантиментри, потоа 11 во Крушево, 7 Крива Паланка, 5 Охрид, 4 Ѓуриште, 3 Битола, Тетово и 2 во Берово.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7