ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/26/22 11:21 PM

Угина најстариот мажјак горило во светот – Зоолошката градина во Атланта се прости од Ози

Најстариот мажјак горила во светот и третата најстара единка од овој вид почина денеска на 61-годишна возраст.

Ози го пронашол тимот кој се грижел за неговото здравје мртов во вторникот, потврдија од зоолошката градина во Атланта.

Причината за смртта се уште не е позната, но ветеринарите рекле дека во последно време има слаб апетит, имал оток на лицето и општа слабост.

– Ова е голема загуба за нас. Иако знаевме дека тоа ќе се случи еден ден, тоа не не спречува да чувствуваме голема тага поради неговата загуба – изјави Рејмонд Кинг, директор на Зоолошката градина.

Тој додаде дека Ози оставил неизбришлива трага на многу генерации, како и голем придонес во науката за запознавање на овој вид.

Ози влезе во историјата во 2009 година кога стана првата горила која учествуваше во доброволно мерење на крвниот притисок.

Една група горили, вклучително и Озија, беше позитивна на корона вирусот минатата година, а раководството рече дека тој имал благи симптоми во таа прилика.

Преземено од: https://www.telegraf.rs/
Фото: Zoo Atlanta/ Facebook


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1