ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/26/22 8:23 PM

Стоп за сообраќајното насилство – Во недела мирен протест на „Партизанска“ каде животот го загуби 25 годишната Викторија

Во недела на 30 ти јануари на булеварот „Партизански одреди“ ќе се одржи мирен протест во знак на револт кон сообраќајното насилство и начинот на кој се третирани пешаците и сите учесници во сообраќајот, кои се придржуваат до правилата, а со последната трагедија каде што на 20.01.2022 згасна млад живот, згасна надежта Викторија да ги оствари своите соништа, стои во онлајн закажаниот настан на социјалната мрежа Фејсбук.

Во поканата до корисниците на социјалната мрежа стои дека токму поради последните случувања на улиците и пешаците како жртви, со почеток од 12 до 13 часот ќе се мирен протест на раскрсницата на бул.”Партизански одреди” кај City Mall.

„Достоен и јавен собир каде што ќе оддадеме почит кон Викторија Николова како последна жртва во ваквото сообраќајно насилство, а воедно и ќе оддадеме почит кон сите жртви во вакви и слични сообраќајни несреќи. Нашата цел е единствена, а тоа е да се стави КРАЈ на бeзобзирното возење ни улиците во државата и да ја подигнеме свеста на учесниците во сообраќајот дека нашите деца, а и самите ние треба да се движиме слободно на пешачките зони и по тротоарите, зато што тоа е единственото место каде што пешаците треба да се чувствуваат слободно“, стои во поканата на Фејсбук.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1