ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/26/22 7:13 PM

„Три ноќи око не склопив, скокам на секој глас на Мина“ – Пејачот Александар Белов ужива во татковството и бракот со Јелена

Никој не ни кажа дека вака ќе изгледа. Никој тоа и не би можел да ни каже. Ова е целиот наш живот, а нашата куќа стана вистински дворец на среќа и љубов.

Вака по 10тина дена откако стана татко пејачот Алекдандар Белов, ја опиша среќата која ја чувствува, откако влезе во животната улога, улогата на татко.

ММС го контактираше Белов, кој веќе три години со сопругата Јелена живее во Крагуевац, и кој се уште е видно возбуден, особено откако неговата ќеркичка Мина со дојде дома.

-Екстра сум, не можам да си опишам сам на себе, бидејќи не се опишува. Еве поминаа 13 дена. Срце мало. Јас сум растреперен од моментот кога ми јавија. Бев на настап за Стара Нова Година и додека пеев добив порака дека Мина се роди.  Сега веќе се дома и  уште не можам да се соземам. Мина ми е како подарок за роденден, вели Александар и додава:

-Мина ја крстивме заедно со сопругата, сакавме да биде кусо име и да звучи убаво. Патронажните сестри поминаа, се објаснија и јас во се помагам, секако заедно со мајка и на сопругата. Леле навистина убавина која не се опишува. А девет месеци молчев. Издржав девет месеци да не кажам никому дека чекам бебе. Сакав да кажам дури кога ќе се роди. Сакав да го сочувам најубавиот момент за себе, но сега веќе кога се роди сакам среќата да ја сподеам со сите. Јас и Јелена многу си личиме. Имаме исти црти и сега кога ја гледаме Мина пола пола е.  Има по нешто и од двајцата, вели тој.

Александар од 2017 година живее во Крагуевац, од каде е неговата сопруга Јелена. И таму, како и тука се занимава со музика, има свој бенд „Белов бенд“, со кој настапува во овој дел од Србија. Но, сега поради приновата решил да се посвети на татковството, да ги ужива деновите со Мина.

-Веќе ништо не ми е поважно од Мина. До вчера бев посветен на кариера , имам свој бенд „Белов бенд“. А сега се падна во втор план. Одеднаш ништо не е важно. Па ние телевизорот го пуштивме после пет дена откако дојде Мина. Се се стави на пауза. Јас првите три дена око не склопив. На секој нејзин глас скокав. Направив мала пауза од работа, за да можам максимално да и се посветам. Освен тоа короната е активна, а мене работата ми е поврзана со луѓе и затоа сакав да се посветам на бебето и да ги намалам контактите, додава тој.

Белов вели дека ја донел вистинската одлука кога со соругата се преселиле во Крагуевац, место да останат во Неготино.

-Супер ми е тука, се занимавам само со музика. Тоа е тоа што најдобро го правам. Имам свој бенд, настапувам по клубови, прослави.. Со Јелена живееме сами во куќа, си имаме наше катче. Заедно сме од 2013 година, и четири години бевме на релација Крагуевац- Неготивно. Потоа јас пресеков и се преселивме тука. Поради короната немам две години отидено во Неготино. Но, се надевам дека лудилово ќе помине и се ќе биде полесно, вели Белов.

По подолго време откако се аклиматизирал во новата средина, тој веќе размислува за снимање на авторски песни.

-Со авторски песни досега ништо, се фокусирав на тоа да се снајдам во новата средина и да се прилагодам на новиот пазар што за мене како некој, кој не е од Србија е малку потешко. Тоа е на стенд бај. Иако во комуникација сум со автори од Македонија, сакав прво да се адаптирам. Кога сакав да почнам се случи корона и затоа сакав прво бендот да почне да функционира па се друго. Сега откако се роди ќерка ми ќе може да се размислува за тоа. Супер ми е што и во доба на корона одлучив да направам бенд и што има работа. Веќе имам 2-3 идеи за авторски песни, ама тоа ќе биде бендовска варијанта. Размислувам и за фестивали, но само со добра песна.

Јас ги сакам фестивалите, имам понуди, но само со вистинката песна ќе се вратам. Едноставно приоритет во овие пет години ми беше прилагодување на средината, да создадам семејство, да се стабилизирам па тогаш. Сакам да ги ускладам работите за да можам да функциоирам и Србија и Македонија.

Мене поради „Операција Триумф“ веќе ме знаат како Белов, но второ име тука ми е Македонац. Така ме викаат. Се надевам дека на пролет можам да се вратам со нешто авторско, а за кус период ќе излезе некој кавер. Бирам песни, веќе ми помина времето кога беше битно само да се појавам, не и што ќе отпеам, рече Белов.

Весна Миленковска


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1